ПОВТОРНА ПРЕСУДА – ПОВТОРНА ОСУДА
![]() |
С О О П Ш Т Е Н И Е
Доследно почитувајќи ја секуларноста на државата повеќепати и над рамките над објективните можности на политичкото дејствување, доследно како партија секогаш сме се залагале за конструктивно разрешување на црковниот спор. Борбата за остварување на верски права и слободи на делот на српскиот народ кој живее во Македонија отсекогаш била проследена со опструкции, закани, па дури и судски пресуди. Обидувајќи се во изминатиот период да избегнуваме коментари и осуди на судски одлуки, овојпат не може, а да не констатираме дека судот по две последователно ослободителни пресуди донесува трета осудувачка и истата ја потврдува на апелација, со што директно прави штета, прво: на кредибилитетот на судските институции, второ: на напорите да се зачува започнатиот црковен дијалог и изнајде конструктивно решение, трето: ја загрозува тешко вратената доверба и достигнатото ниво на добрососедските односи по нелегалното признавање на независноста на Косово и Метохија, четврто: прави опструкција на напорите за остварување на слободата на вероисповед на делот од српскиот народ кој живее во Македонија предизвикувајќи директна штета на конструктивната позиција на целокупниот српски народ, и петто: внесува негативен елемент во процесот на евроинтеграциските процеси на Република Македонија. Демократската партија на Србите во Македонија со жалење констатира дека сето ова се случува само десетина дена пред официјалното обележување на 2 август – Илинден, Денот на македонската државност, кој и оваа, како и минатата година, требаше да се одбележи во манастирот Свети Прохор Пчињски. Дали е случајно тоа што сите спорни пресуди од ваков карактер доаѓаат пред вака значајни датуми? Што е вистинскиот мотив на ваквите сценарија? Дали некој сериозно е заинтересиран за влошување на севкупните односи со Србија, нека процени македонската јавност. Скопје, 20.07.2010.
Демократска партија на Србите во Македонија Претседател Иван Стоилковиќ ![]() Реакција на ДПСМ за одлуката на Апелацискиот суд за случајот Вранишковски Доследно почитувајќи ја секуларноста на државата повеќе пати и над рамките на објективните можности на политичкото дејствување, доследно како партија секогаш сме се залагале за конструктивно разрешување на црковниот спор. Борбата за остварување на верски права и слободи на делот на српскиот народ кој живее во Македонија отсекогаш била проследена со опструкции, закани па дури и судски пресуди. Обидуваќи се во изминатиот период да избегнуваме коментари и осуди на судски одлуки овојпат не може, а да не констатираме дека судот по две последователно ослободителни пресуди донесува трета осудувачка и истата ја потврдува на апелација, со што диреткно прави штета, прво: на кредибилитетот на судските институции, второ: на напорите да се зачува започнатиот црковен дијалог и изнајде конструктивно решение, трето: ја загрозува тешко вратената доверба и достигнатото ниво на добрососедските односи по нелегалното признавање на независноста на Косово и Метохија, четврто: прави опструкција на напорите за остварување на слободата на вероисповед на делот од српскиот народ кој живее во Македонија предизвикувајќи директна штета на конструктивната позиција на целокупниот српски народ, и петто: внесува негативен елемент во процесот на евроинтеграциските процеси на Република Македонија. Демократската партија на Србите во Македонија со жалење констатира дека сето ова се случува само десетина дена пред официјалното одбележување на 2 Август - Илинден, Денот на македонската државност кој и оваа, како и минатата година, требаше да се одбележи во манастирот „Св. Прохор Пчињски“. Дали е случајно тоа што сите спорни пресуди од ваков карактер доаѓаат пред вака значајни датуми? Што е вистинскиот мотив на ваквите сценарија? Дали некој сериозно е заинтересиран за влошување на севкупните односи со Србија, нека процени македонската јавност. Скопје, 20 јули 2010 ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА НА СРБИТЕ Апелација ја потврди затворската казна за ВранишковскиАпелациониот суд попладнево ја потврди пресудата на Основниот суд според која Јован Вранишковски треба да помине 2,5 години затвор и да ги надомести трошоците. Одлуката на судот е правосилна, а за да стане извршна треба да мине одреден период, објаснува за Макфакс, претседателот на Апелацискиот суд, Јордан Митриновски. „Странката може да бара одлагање на пресудата доколку поднесе молба“, вели Митриновски. Апелациониот суд ја потврди првостепената одлука на Велешкиот суд, кој во октомври минатата година го осуди Вранишковски за злоупотреба на 250 илјади евра црковни пари од неколку епархии на МПЦ. Расчинетиот владика, претходно двапати добиваше ослободителна пресуда, но апелација ја укинуваше и ја враќаше на повторно судење. Вранишковски не беше во земјава речиси две години, а се врати годинава во јануари на денот на обележувањето на српскиот празник Света Сава. Фросина Факова 19 јули 2010 Aпелација му ја потврди казната на Вранишковски Oдбраната најавува дека ќе бара вонредно преиспитување на пресудата Две и пол години затворска казна за ексвладиката Јован Вранишковски и да и' ги врати злоупотребените црковни пари со камата на МПЦ. Вака пресече скопскиот Апелационен суд, кој ја потврди првостепената пресуда на велешкиот основен суд. Гордана Дувњак 21.07.2010 Чествувањето во „Прохор Пчињски“ под прашање Српската православна црква деновиве ќе реши дали на македонската страна ќе и' дозволи да го чествува Илинден во манастирот „Свети Прохор Пчињски“, откако во Скопје е потврдена затворска казна за нејзиниот владика Јован Вранишковски. Црковните извори во Белград изјавуваат дека се крајно револтирани од одлуката на Апелацискиот суд објавена токму во фаза на договарањата за начинот на чествувањето на големиот празник во манастирот во кој се удрени темели на македонската државност. (Б.Ѓ.) АПЕЛАЦИСКИОТ СУД ГИ РАЗГНЕВИ СРПСКИТЕ ВЛАДИЦИ Затворот за Вранишковски ќе ги затвори и портите во "Прохор Пчињски"?! Официјално српските владици не донеле никакво решение, но најавуваа дека деновиве ќе се изјаснат дали повторно ќе ги затворат манастирските порти откако вчера Апелацискиот суд ја потврди затворската казна за Вранишковски Апелацискиот суд ги разгневи српските владици. Одлуката со која вчера беше потврдена затворската казна за Вранишковски во последен момент повторно ги искомпликува состојбите за чествување на АСНОМ во манастирот Св. "Прохор Пчињски". Иако низ дипломатски канали се било договрено за непречена посета на македонската државна делегација, вчера од СПЦ за Вечер изјавија дека по одлуката на Апелација тешко ќе може да се дојде до разумно решение. Официјално српските владици не донеле никакво решение, но најавуваа дека деновиве ќе се изјаснат дали повторно ќе ги затворат манастирските порти. Веста за правосилноста на пресудата, ексвладиката Јован ја дочекал надвор од државата. Неговата ПОА соопштува дека ако дојде до извршност, тој повторно ќе замине в затвор. Иако досега политичките претставници на Србите во Македонија не ги коментираа судските пресуди за Вранишковски, Демократската партија на Србите вчера преку соопштение изрази можни политички позадини во одлуката на Апелација, особено поради тајмингот кога е објавена таа.
- ДПСМ со жалење констатира дека сето ова се случува само десетина дена пред официјалното одбележување на 2 август, кој како и минатата година требаше да се одбележи во манастирот Св. Прохор Пчињски". Што е вистинскиот мотив на ваквите сценарија? Дали некој сериозно е заинтересиран за вложување на севкупните односи со Србија, прашува партијата на Србите во Македонија. Марјан Николовски
21.07.2010
|
aaaaaaaaa |
< Пред | Следно > |
---|