ШЕКЕРИНСКА ПОВИКА ДА СИ ОДАТ СРБИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА

![]() |
СДСМ и медиумите блиски до нив повеќепати досега изразувале јавна нетрпеливост кон Србите во Македонија. Последно е повикот на Шекеринска во македонското Сообрание, Иван Стоиљковиќ, шефот на српската партија во Македонија, да се врати на Косово, што е досега најголем инцидент на етничка нетрпеливост виден во македонската јавност и во македонскиот Парламент. За ова партијата и Шекеринска мора да одговараат, а особено затоа што често им се случува потценување и на ромските претставници во Парламентот, што покажува нивна етничка нетрпеливост подолг период
- На Стоилковиќ му стана навика да лаже. Единствениот кој треба да застане на оваа говорница и да им се извини на сите граѓани на Македонија и на Скопје, без разлика на нивната етничка припадност, е тој, бидејќи ги омаловажува и преименува нашите вековни симболи, рече Шекеринска и му порача тој да си замине од државава и да оди на Косово. Меѓусебни навреди, пцости, ниски удари и изрази на некултура продолжија и меѓу другите пратеници. Опозицијата ја праша власта колку пари испрала преку Триумфалната порта на срамот, спомениците, мостот Око и сл. На овие обвинувања пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски одговори дека проектот Скопје 2014 чини онолку колку што СДСМ украл пари со аферата ТАТ. Во низата реплики и контрареплики што уследија владејачките пратеници го бранеа проектот Скопје 2014 со ставот дека тој е проширен во сите области, наведувајќи податоци за останатите активности што се преземаат, додека опозицијата оцени дека се потрошени многу пари, но без ефект. Што ќе ветело ВМРО-ДПМНЕ, остварувало, а СДСМ останувал на празни ветувања. Вака министерката Елизабета Канчевска - Милевска, рече за Скопје 2014.
- Со она што го затекнавме во 2006 година како постојано непроменета слика речиси сто години ние како народ и држава испраќавме порака дека и семантички и семиолошки сме привремени, никогаш недооформени, без историја, традиција и култура и со самото тоа без визија за натамошен раст. Со проектот не само на Скопје 2014, туку и на Македонија 2014, оваа власт објави крај на непочитта кон сопствениот народ, култура и идентитет. Во најтешкиот економски период покажавме дека ако ја сакаме својата земја, можеме да ја покажеме грижата и љубовта кон неа, рече Канческа - Милевска, прашувајќи зошто ниту една власт досега не се зафатила со дооформување на плоштадот и централното градско подрачје. 09. 12. 2010. |
![]() |
| < Пред | Следно > |
|---|







